Синоќа се одиграа три многу интересни натпревари од “Бизнис лигата Прилепска Пиварница”
Синоќа се одиграа три многу интересни натпревари од “Бизнис лигата Прилепска Пиварница”. Дружба,атмосфера на високо ниво а најмногу преовладува спортскиот дух. Пингпонгот го раздвижи градот, спортската Пингпонгарска сала секојдневно е со натпревари. Резултати од заостанатите натпревари:


7 коло
Синд.на Тут-Ком -Витаминка 4-3
8коло
Халк Осигурување- Елмонт 4-1
9 коло
Мермерен Комбинат -Синд.на АД Мепсо 4-0


Изненадување е високиот пораз на АД Мепсо од Мермерен комбинат,но натпреварот изобилуваше со одлични поени пресврти и неизвесност во секоја партија. Звонко Тодороски од Мермерен Комбинат и Владо Топчиоски од Синд. на АД Мепсо го одиграа најинтересниот натпревар на вечерта. Со овации од присутните покажа дека и аматерите овој овој спорт играат на високо ниво. Во сабота продолжуваат натпреварите од 9-коло. Веќе сме на пола од распоредот на Б.Л.и борбата за ачетвртото место за авлез во Плеј оффот ќе биди крајно неизвесна до последното коло. Пет екипи се со ист број на бодови,и секој нивни нареден натпревар може да значи влез меѓу четирите најдобри екипи во регуларниот дел од лигата.



