Миа Митрикеска оваа година ќе пее на прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-најактуелниот детски музички фестивал кој публиката го прогласи за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД”

Сподели го ова:


























Секое дете, своја сказна си плете…И ете, така е и во оваа музичка сказна која што години наназад успешно ја креира најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот  каде што освен од Прилеп, настапуваат деца од цела наша земја. Денес во оваа наша музичка рубрика, Ви ја претставуваме Миа Митрикеска од Прилеп која има 6 години, моментално е прваче во ООУ “Кире Гаврилоски”-Јане и истата ќе настапи во детскиот музички блок на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” оваа година во месец мај во НУЦК “Марко Цепенков”-во Прилеп. Имено прилепчанката Миа е доста активна на музички план, знае да пее, да игра, одлично говори англиски јазик и што ли уште не… На овој нај-актуелен детски музички фестивал оваа година Миа Митрикеска ќе настапи со песната “Сонце, вода, плажа”. Имено, станува збор за песна која со сигурност ќе стане голем детски хит, и песна која ќе биде омилена помеѓу децата. За ова маестрално музички дело се погрижи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески Балада, кој го ја направи музиката и текстот за оваа песна, а одличен аранжман оваа песна си доби благодарение на Рубин Димкоски. Како ќе звучи оваа екстра детска песна на шест годишната прилепчанка Миа-ќе дознаете во месец Мај во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп на најновото фестивалско издание на прилепскиот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Според возраста на Миа, самата таа ќе настапи со оваа песна во детскиот музички блок на фестивалот бидејќи тука пеат деца од 4 до 10 години, а како и секоја година, така и оваа, после детскот музички блок следува тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат учесниците од 11 до 14 години.  Минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.  Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!




Сподели го ова:

Слични објави