|

Талентираната прилепчанка Илина Наумоска со нова песна од Гоце Балада со која ќе настапи на следното фестивалко издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:




Илина Наумоска-е уште една детска ѕвезда од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, која што на овој најактуелен детски музички фестивал настапува во детскиот музички блок. Имено, родителите на Илина по втор пат му ја доверија довербата на Гоце Балада на Илина да и направи екстра песна за следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Со други зборови, Илина ќе ја гледаме и на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се одржи во Мај 2022 година во Прилеп. Песната која што ќе ја отпее Илина наредната година е во екстра модерен детски стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика. Овој најактуелен фестивал на 19-ти Септември оваа година се одржа по трет пат на камената бина во центарот во Прилеп, каде што настапија учесници од повеќе градови од нашата земја, а меѓу нив беше и нашата прилепчанка Илина која што на овогодинешниот прилепски фестивал настапи со песната “За љубов, среќа и мир”. Инаку колку за потсетување, Илина Наумоска имаше одличен модерен настап со одлична кореографија на овогодинешното фестивалско издание пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од годинешното фестивалско издание. На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!





Сподели го ова:

Слични објави