СПЕКТАКУЛАРНО ИЗДАНИЕ НА “ВЕСЕЛИТЕ ЅВОНЧИЊА”! Околу 2500 посетители во четирите фестивалски претстави, уживаа во новите детски хитови!


Прекрасна слика на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2500 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП.

Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Ова претставува голем рекорд и гордост за градот Прилеп! На фестивалот настапија учесници од повеќе градови од нашата земја на возраст 4 до 14 години, а како и секоја година – најмногу учесници имаше од градот под Марковите Кули.



Прилепската публика со задоволство, ПРЕМИЕРНО ги слушна најновите детски хитови од најновото 6-то фестивалско издание, кое се одржа на 18 и 19 Април во НУЦК “Марко Цепенков”.



Фестивалските претстави за дечињата од училиштата и градинките се одржуваа од 10 до 13 часот (двата фестивалски дена) додека пак вечерната фестивалска претстава беше вечерта на 19 април.


На вечерната фестивалска претстава покрај другите учесници, со новокомпонирана песна од Гоце Илиески-Балада настапија дечињата од највозрасната група од прилепските градинки “Наша иднина”, кои ПРЕМИЕРНО на овој фестивал настапија со песната “Градинке, градинке”, песна која од сега ќе биде химната на градинките во Прилеп.


Како и секоја година, така и оваа година беше разиграно, распеано и веселоооо!


Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2025 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.


Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС,
бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас,
и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,
и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!



















