ЗА НЕГОВИТЕ НАСТАПИ ПОСТОИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС: Марио Арангеловски се врати на ноќните свирки каде “ПАЛИ И ГАСИ” насекаде каде што ќе се појави!
Нема човек кој што не го знае младиот кумановец Марио Арангеловски, македонскиот естраден уметник за кои уметноста и музиката се неговиот живот. Неколку пати се натпреваруваше во реални шоуа во Бугарија и Македонија, а исто така беше дел и од “X Factor” и “Ѕвездите на Гранд”.
Неговиот музички талент го наследува од неговиот сега веќе покоен дедо кој што бил музичар, а воедно и менаџер на позната кумановска музичка група. Инаку Марио во приватниот живот е млада, чесна, амбициозна личност која што сака да работи се што е поврзано со култура, уметност, музика и шоу бизнис. Она што ги израдува неговите фанови од Македонија и Србија е тоа што по нивно барање, Марио Арангеловски и покрај сите ангажмани со културата и уметноста, се врати на ноќните свирки каде “ПАЛИ И ГАСИ” насекаде каде што ќе се појави! Моментално, на музичката сцена е актуелен со неговиот најнов музички хит, песна која што континуирано се врти на домашните и српските радио станици.
Марио нормално настапува во живо, заедно со неговиот професионален бенд кои се едни од ретките кои знаат како да ја расположат присутната публика. Станува збор за одлични журки кои единствено на професионален и свој начин, знае да ги прави само овој талентиран кумановчанец, а доколку сопствениците на локалите сакааат да го наполнат нивниот локал со гости, а воедно нивните гости сакаат да уживаат во одлична музика и квалитетна музичка забава, тогаш нашиот совет до нив е да го букираат Марио на телефонскиот број 078/ 941-462.
Се гледаме на добра и квалитетна музичка свирка!