Денеска во чест на ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ ќе пеат ПРИЛЕПСКИТЕ ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА од минатогодишниот фестивал

Минатогодишните учесници од најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, денеска 27.02.2022 (недела) со почеток во 12 часот ќе пеат во чест и поддршка на децата со ретки болести. Имено, овие детски музички ѕвезди кои доаѓаат од повеќе градови денеска ќе настапат во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп, предводени од страна на Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-БАЛАДА. На настанот ќе има голем број на гости, посетители, деца, претставници од Општина Прилеп, како и Градоначалникот Борче Јовчески. Единствената цел е преку игра и песна да им се даде поддршка на децата со посебни потреби, а воедно и да им се достави до знаење дека сите тие се дел од нас, и дека детската песна не познава никакви граници, бидејќи кај децата не постојат граници, туку напротив-постојат само поддеднакви права и можности. Како и да е, прилепските Весели Ѕвончиња сите овие години создаваат весели детски спомени за сите детски генерации, а овој пат музичките спомените ќе бидат создадени кај децата со посебни потребни.
Имено, минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!
,