Вчера вечерта повторно “вриеше” од народ пред камената бина во Прилеп
Проектот на Општина Прилеп насловен “Од нула до култура” трае веќе неколку недели и се реализира доста успешно. Проектот е насочен кон младите и токму затоа неговото одржување е за време на училишниот распуст, еднаш седмично во континуитет. Имено, станува збор за настап на локални музички групи на Камената бина во центарот на Прилеп, со концерти насловени Tribute to… Станува збор за концерти посветени на великани во музиката кои имаат големо влијание врз културна наобразба на секој човек.
Така беше и вчера вечерта пред камената бина во Прилеп, каде реки од народ уживаа во песните на Тоше Проески во исполнение на прилепчанецот Алекса Петрески, кој ја “запали публиката” не заради неговиот талент, туку заради одличниот избор на песни од Тоше Проески. Како и да е, публиката одлично се забавуваше со песните на Тоше.
Ова лето, планирани се околу 10 засебни настани, кои започнаа од 22.06.2023, а ќе траат се до крајот на месец август.
Примарна цел на овој проект е да влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци.