УБАВИНА: “Македонско девојче” на Пелистер беше испеана од страна на 100-тина млади од повеќе земји
Заврши 53 издание на фестивалот „Илинденски денови“. За гостите на фестивалот во неделата беше организиран голем интернационален фолклорен пикник на Националниот парк “Пелистер”, каде што присутните преку дружење и песна, создаваа вистински спомени.
Меѓу песните, на ова дружење беше испеана и “Македонско девојче” од страна на хрватско-италијанско-грузиско-македонски музички состав.
Колку е убава нашата земја, и нашите стари, традиционални македонски песни кои ја отсликуваат македонската традиција.