Градоначалникот Јовчески: “Упатувам апел до сите граѓани на општина Прилеп кои се во можност да помогнат, да се приклучат на потрагата”

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 2 луѓе, трева, планина, дрво и природа

И во текот на денешниот ден продолжи потрагата по младото десет годишно момче, а во денешната потрага учествуваа припадници на полицијата, кучина трагачи, а исто така беше испратен и хелихоптер кој што беше вклучен во самата потрага. Денеска прилепскиот градоначалник Јовчески ја посети полициската станица за граничен надзор во Витолиште, се со цел подетално да се запознае со самата ситуација, како и да помогне со сите оние ресурси со кои што располага Општина Прилеп. Веднаш после посетата, Јовчески истакна: “Денес продолжува потрагата по малиот Петар околу селото Врбско, Мариово.Ја посетив полициската станица за граничен надзор во Витолиште каде полициските службеници заедно со жители на селото ни дадоа подетални информации. Упатувам апел до сите граѓани на општина Прилеп кои се во можност да помогнат, да се приклучат на потрагата.Треба да се потенцира дека теренот е исклучително тежок, па затоа сите што сакаат да помогнат да се упатат само со теренско возило”-истакна градоначалникот Јовчески.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво
Можно е да е слика од надвор и дрво




Сподели го ова:

Слични објави