Слушнете ја „Ќе те женам, ќе те сменам“, новото музичко парче на Игор Џамбазов и Мишел Трајковски
Легендарниот шоумен Игор Џамбазов и Мишел Трајковски на музичката сцена се појавија со ново ремек дело „Ќе те женам, ќе те сменам“. Песната е создадена за новиот филм „TE DUA, жими мене“ кој ќе биде премиерно изведен на 22-ри Септември во кино салите на Cineplexxx.
Музиката и аранжманот на песната се дело на Мишел Трајковски, а текстот на песната е дело на Игор Џамбазов. Песната е снимена во студиото „ТРАЛАЛА“ на Мите Димоски, а останатите членови на бендот се: Маестро Иван Кукиќ на бас гитара и Зоран Трендов на гитара.