“Дајте музика” со концерт на стадион во Скопје

Во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, на Авалон Продукција и’ претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделмик (11-ти април) во 9 часот наутро, на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:ПАРТЕР: 400 денари
ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба)