Прилеп се подготвува за утрешниот старт на “Пиво Фест”-2022

Прилеп се подготвува за утрешното, најново-годинешно издание на “Пиво Фест”-2022. Денеска се прават последните подготовки, за да веќе од утре, градот под Марковите Кули официјално ги пречека и првите гости. На годинешниот “Пиво Фест”-2022 ќе настапат голем број на музички имиња, од кои најголемиот дел се домашни-докажани музички изведувачи
Имено, веќе од вчера од 12 часот заради потребите на организацијата за “Пиво Фест”-2022 година целосно беше затворен делот од булевар „Гоце Делчев“ од крстосницата со улица „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со улица „Прилепски бранители“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа. Овој булевар ќе биде затворен за сообрајќај се до 18.07.2022 (понеделник) до 19:00 часот.
Време е за забава, време е за годинешниот “Пиво Фест” кој започнува од утре, па ќе трае се до 17 јули. Време е за најголемиот пивски фестивал!
Дојдете заедно да уживаме со добра музика, ладно пиво и одлична скара