|

НАЈДОБРИТЕ НА ГОСТИ КАЈ НАЈДОБРИОТ: Прилепскиот рок бенд “The Hounds” на гости кај прилепскиот градоначакник Јовчески

Сподели го ова:


























Денеска, членовите на прилепскиот рок бенд The Hounds, беа почесни гости во кабинетот на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, при што остварија убава, пријатна средба, која беше во духот на стилот и музиката која што овој бенд ја негува повеќе од една деценија, и благодарение на истата авторска музика, успешно опстојува како на прилепската, така и на македонската музичка сцена.

“Можеме слободно да кажеме дека се бренд на градот, а за тоа е доказ нивниот нов албум насловен како „Самосвест“. Овој албум во кој свој допринос има и Општина Прилеп, денес го добив како подарок од членовите на бендот, а истовремено поразговаравме за нивните идеи и планови за во иднина, за кои секако ќе имаат моја голема поддршка” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави