УБАВИНА: Весело започна новата учебна година во прилепското музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“
Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ е подготвено за најмладите музичари! Започна новата учебна година во основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп. Учениците и наставниот кадар во ова наше единствено музичко училиште во Прилеп, се надеваат дека новата 2023/2024 учебна година, ќе донесе многу нови радости, како и нови музички спомени, кои ќе бидат испреплетени со драгоцени другарувања на учениците и наставниците.
Денеска, во посета на ова училиште беше прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој истакна:
Денес ги посетивме најмладите уметници и им посакавме многу успех во нивната дружба со музиката. Ова училиште е расадник на таленти во нашиот град, а за тоа се разбира заслужни се раководниот тим на училиштето и професорите, кои што секогаш ја имале мојата поддршка и поддршката на Локалната самоуправа, затоа што само така заедно, можиме да продолжиме да ги подобруваме условите за изведување на теоретска и практична настава во училиштето и со самото тоа да им овозможиме на талентираните ученици да уживаат низ учење во музиката – истакна Јовчески.