Ангела Релушкоска по трет пат ќе настапи на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:
















Ангела Релушкоска доаѓа од Општина Крушево, и самата таа по трет пат ќе учествува на наредното четврто фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, фестивалот каде што настапуваат деца од цела наша земја. Ангела на најновото фестивалско издание ќе настапи со песната “Кој ќе ме сопре”. Станува збор за екстра тинејџерска песна која што во целост одговара на возраста на Ангела. Музиката и текстот за оваа песна, специјално ги направи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски. Како изгледа оваа совршена музичка композиција-ќе слушнете оваа година во месец мај на големата спектакуларна фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Според возраста на Ангела, самата таа ќе настапи со оваа песна во тинејџерскиот музички блок на фестивалот. Имено овој музички блок е веднаш после детскот музички блок каде пеат учесниците кои имаат до 10 години, а во тинејџерскиот блок пеат учесниците кои имаат од 11 до 14 години. Минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.  Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!







Сподели го ова:

Слични објави