Жељко Самарџиќ доаѓа во Прилеп на хуманитарниот концерт за Дејан
Прилепчани заедно со Локалната Самоуправа и неколку поддржувачи, направија конкретен обид со помош на кој што на 19 Март во Универзалната сала во Прилеп “Тутунски Комбинат”, ќе се одржи голем хуманитарен концерт, концерт од кој што се очекува да се соберат дел од финансиските средства за лекувањето на Дејан. На концертот освен Жељко Самарџич, свој настап ќе имаат и Јоце Панов, како и нашиот прилепчанец Филип Николоски. Цената на билетите е 300 денари.