Ранко Бубамара со емотивен статус се опрости од Аки Рахимовски

Сподели го ова:


На социјалните мрежи сеуште не стивнуваат коментарите во однос на смртта на Аки Рахимоски. Еден од нај-емотивните статуси беше Facebook статусот на големиот Ранко Петровиќ, при што напиша: “Тажен ден и голема загуба за сите што растевме со неговите песни и уживавме на неговите концерти.Не напушти нашиот Аки-предобар човек, еден од најголемите уметници на нашите простори, другариште. Кога беше на сцена како да ги гледавме Мик Џегер, Џејмс Браун и Род Стјуард – заедно, тоа беше нашиот Аки !Кога се преселивме во новите простории на Радио Бубамара поставивме голем постер на зидот од неговиот настап на Златна бубамара, постерот ќе остане на нашиот зид како и песните и сеќавањата на многу генерации кој растеа со твоите песни и концерти.Почивај во мир маестро”-напиша Ранко Петровиќ на неговиот Facebook профил.

💔





Сподели го ова:

Слични објави