“STANICA.MK”ВО ПОСЕТА НА ОХРИД: ОХРИЃАНИ ВО ОДБРАНА НА ПЕЦАКОВ-НАЈСПОСОБНИОТ ОХРИДСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ ГО ИМАЛ ОХРИД

Сподели го ова:


Информативниот портал “STANICA.MK” како што знаете работи 24/7 во интерес на своите читатели, па како резултат на тоа, дел од нашиот информативен тим вчера вечерта беше на терен во убавиот Охрид за да ги слушне размислувањата во однос на она што информативните портали кои се блиски до СДСМ, сакаат неосновано да му го наметнат на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, во однос на случката со корона тестот. Имено, во текот на вчерашниот ден Кирил Пецаков постојано беше мета на некои портали кои се блиски до СДСМ, и кои сакаат во јавноста да прикажат една сосема спротивна слика во однос на реалната ситуација во однос на ковид тестот и ситуацијата која настана. Шетајќи се по кејот на езерото, го запрашавме еден пензионер кој што се движеше покрај самиот кеј во однос на ковид случката со Охридскиот градоначалник Пецаков, при што тој одговори: “Искрено, тоа се само измислици од СДСМ кои што сакаат преку лажно црнило да ги покријат сите оние успеси кои градоначалникот ги постигна за неколку месеци. Иако е млад, тој е способен човек, народен човек кој што секогаш е достапен за нас охриѓани. Јас сум пензионер, што значи сум слободен човек, па како резултат на тоа, постојано шетам низ Охрид и можам да го видам сето она што го има направено за само неколку месеци. Градоначалникот започна со булеварот, решава голем број на проблеми со водата, канализација…Искрено и тоа е многу за само неколку месеци. Храбро, чесно и принципиелно е тоа момче-да знаете”-истакна овој охридски пензионер кој што сакаше да остане анонимен. Веднаш потоа ги запрашавме две млади госпоѓи кои излегуваа од еден охридски локал во однос на тоа што мислат во однос на ковид случката со охридскиот градоначалник, при што ни истакнаа дека не веруваат во измислиците за охридскиот градoнаначалник, и дека политиката во никој случај не треба да ги попречува младите способни луѓе како Пецаков кои имаат вистинска визија за Охрид и охриѓани. На ова наше прашање, одговор ни даде и еден млад охриѓанец кој што рече дека не се разбира многу во политика, меѓутоа одговори на нашето прашање при што истакна: “Она што за неколку месеци го има направено охридскиот градоначалник Пецаков за градот Охрид, говори дека е стабилен, прецизен и пред се одговорен човек кој што работи во интерес на охриѓани. Искрено, ова со ковид случката му измислуваат се и сешто, со една цел за да го оцрнат-меѓутоа нема да му успее. Охриѓани знаат за каков човек се работи, така да ваквите неправедни оцрнувања за Пецаков, нема да успеат, при што за ден-два ќе исченат бидејќи се неосновани…Градоначалникот се тестирал не заради симптоми, туку бидејќи му било потребен ковид тест за влез во странска земја каде што ќе престојувал неколку дена со своето семејство, а не овие како што измислуваат од СДСМ дека имал симптоми и затоа се тестирал-сето ова се измислици да знаете”-истакна соговорникот кој неможејќи да го издржи овој јануарски зимски студ влезе во еден од охридските локали за да се згрее со топол чај. Имено Кирил Пецаков е човек кој што како резултат на своите интелектуални и менаџерски способности со убедлива победа победи на годинешните локални избори во Охрид. Инаку Пецаков е роден во 1985 во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид, а високо образование завршува на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје. Специјализира на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје и се стекнува со називот Специјалист по детска и превентивна стоматологија. Во два мандати е дел од Советот на Општина Охрид од 2009 – 2013 и од 2017 – 2020. Од 2020  до 2021 година е пратеник во Собранието на Република Македонија, а веќе од 31.10.2021 година станува градоначалник на Општина Охрид, функција во која што доста успешно се пронаоѓа. Иако само неколку месеци е градоначалник на Охрид, тој веќе отпочна голем број на проекти, при што постојано е на терен во интерес на охриѓани.





Сподели го ова:

Слични објави