Градоначалникот Јовчески избран за претседател на надзорниот одбор на ЗЕЛС

Сподели го ова:


На денешната 1-ва седница на надзорниот одбор на ЗЕЛС која се одржа онлајн на платформата „Zoom“ првата точка на дневниот ред беше избор на претседател на истиот.

Со едногласна одлука на присутните градоначалници, Хекуран Дука на Општина Дебар, Звонко Пекевски на Општина Берово, Дејан Владен на Општина Свети Николе и Димитар Костадиноски на Општина Јегуновце, за Претседател на Надзорниот одбор беше избран градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Градоначалникот Јовчески изрази благодарност на дадената доверба од страна на членовите на надзорниот одбор и истакна дека во иднина функцијата ќе ја извршува одговорно и транспарентно и ќе работи исклучиво во интерес на нашите сограѓани.





Сподели го ова:

Слични објави