Еве како изгледаше СВАДБАТА НА ПЕТАР ГРАШО
Церемонијата за која зборуваше со денови целиот балкан започна вчера во 19 часот. Новиот брачен пар-Хана Хуљиќ и Петар Грашо се венчаа во Сплит во црквата Св. Доминика каде што самите тие го кажаа она нивно судбоносно „да“. Во црквата Св. Доминика пристигнаа и родителите на младенците, односно родителие на Грашо и родителите на младата невеста- Вјекослав и Тончи Хуљиќ. Младиот брачен пар беше венчан од страна на нивниот омилен сплитски свештеник, отец Јозо Чирко. За свадбата младата Хана имаше избрано венчаница од модниот бренд Arileo која што беше едноставна и воздушеста, без никаков штрас или пак тантела во духот на личноста која што ја има Хана. Младиот брачен бар блескаше од среќа.

Колку за потсетување, балканската музичка сцена последниот период ја потресе веста дека пејачот кој со својот шарм, изглед и впечатлив глас кој го има освоено речиси целиот Балкан-Петар Грашо, и неговата девојка-извонредната Данијела Мартиновиќ не се повеќе во врска. Оваа вест на почетокот беше објавена од страна на неколку хрватаски медиуми, и истите се базираат на изјавата Мартина Подгорски-раководителката за односи со јавноста на Грашо, која на социјалните мрежи напиша дека двојката веќе подолго време не живее заедно, и дека дека 49-годишната пејачка и 45-годишниот музичар поради работни, но и приватни причини веќе извесно време не се заедно. Имено пред извесен период Данијела Мартиновиќ на социјалните мрежи објави фотографија каде што таа опуштено се смее а веднаш под фотографијата напиша дека премногу сериозно се сфаќаме едни со други, и дека таа сватила дека единствено важно е да сме смирени во себе. Дали оваа изјава на Данијела Мартиновиќ значи дека премногу сериозно ја сватила нејзината љубовна врска која што ја имаше самата таа со Петар Грашо?-останува да видиме. Инаку оваа двојка беше еден од најактуелните љубовни парови на целиот балкан. Нивната врска ја започнуваат од 1995 година на Фестивалот „Дора“, меѓутоа самите тие за нивната љубовна врска во јавноста зборуваа многу малку пред новинарите. Меѓутоа сега Грашо е во прегратките на 15 години помладата Хана, со која што од вчера вечерта, веќе е во официјален брак.