Теона Богданоска-прилепчанката која руши рекорди кога станува збор за фамилијарните веселби во Прилеп и прилепско
Прилепчанката Теона Богданоска благодарение на својот глас, со својот бенд постојано има голем број на настапи, кога станува збор за фамилијарните веселби, како и народните собири по повод манастирските слави, каде во дворовите на манастирите се собираат голем број на граѓани за да преку песна и веселба го прослават христијанскиот празник. Имено, така беше и завчера, кога Теона направи вистинска забава во прилепско Волково по повод празникот св.Петка, каде што младо и старо се веселеше на песните во изведба на Теона, прилепчанката која ги развесели сите присутни и направи спектакуларна музичка забава.
Колку за потсетување, Теона Богданоска иако млада, зад себе има богата музичка историја, како и големи музички корени, па врз основа на тоа, сето ова моментално ја прави една од најпопуларните кога станува збор за традиционалната македонска песна и негувањето на македонските корени кои што преку песна се опевале векови и векови. Браво за оваа млада, и пред се, амбициозна прилепчанка, која со сигурност високо ќе се искачи на нашето музичко, естрадно, ѕвездено небо.