НЕМА НИШТO ПОСКАПО ОД ЕДНА ДЕТСКА СОЛЗА: При секој развод најмногу страдаат децата!
Последниве години, има сѐ повеќе разводи – барем тоа го потврдуваат и постојаните објави на социјалните мрежи каде млади лица бараат совет од граѓаните во однос на тоа кој е најдобар адвокат за развод, која е постапката за развод, колку самата постапка трае и слично.
Некои велат дека ова денешно т.н. модерно време си го направи своето, меѓутоа искрено, сето тоа зависи од умешноста на брачните партнери колку самите се способни да си го искреираат бракот, бидејќи среќниот брак не е случајност или пак судбина!
И на крај – она најважното – од секој разведен брак страдаат сите во семејството – а посебно децата! Па, затоа пред да помислите на себе си, прво помислете на децата, па потоа размислете каква одлука би донеле во однос на развод.
