|

ЌЕ ВЕ РАСТАЖИ: Игор Џамбазов со емотивно обраќање до својот покоен татко

Сподели го ова:


























Игор Џамбазов, преку социјалните мрежи упати една емотивна порака до својот покоен татко, во која се вели:

“Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал. Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас. Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш. Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки. Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот ..” – напиша Игор на социјалните мрежи, и ја сподели фотографијата која е во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави