Марјана Станојковска во дует со Владо Калембер

Сподели го ова:




На овогодинешното издание на Охрид фест во Охрид, Маријана Станојковска запеа во дует со Владо Калембер кој што беше поканет на фестивалот како специјален гостин на овогодинешното издание на Охрид Фест -Охридски Трубадури 2021. Навистина оваа девојка знае секој момент позитивно да изненади. Родена е за манекенство, глума, танц и што ли уште не. Еве што изјави Марјана за овој настап на Охрид Фест -Охридски Трубадури 2021: “Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест -Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме негов познат хит од 1984 “Ciao Amore” инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург”.Tаа одлично пее, меѓутоа и одлично шармира. Меѓутоа и Владо Келембер важи и за голем шармер, па врз основа на тоа се поставува прашањето кој кого шармираше на сцената на Охрид Фест, дали Марјана го шармираше Калембер, или пак Владо Калембер ја шармираше Марјана?? Како и да е, одличен дует, во прилог погледнете и сами. Видеото може да го погледнете на следниот линк https://www.facebook.com/marjanamay/videos/835710150472895





Сподели го ова:

Слични објави