Сашко Стојаноски-прилепски магионичар за секоја Ваша прослава

Сподели го ова:


Прилепчанецот Сашко Стојаноски е прилепски магионичар кој што преку својата подготвена магична програма ги забавува како децата така и возрасните на родендени, прослави, свечености…Како што истакна самиот тој, како магионичар се занимава 9 години, во својата магична програма има голем број на магични точки и трикови, па затоа самиот тој важи за еден од најбараните магионичари во нашата земја, и истиот постојано е ангажиран како на детски родендени и прослави, така и на манифестации и забави организирани од страна на повозрасната популација. Сашко екслкузивно за STANICA.MK истакнува дека во својата програма има магични точки како за постарите-така и за помладите. Кога настапува на детски родендени по игротеките низ нашата земја, самиот тој настапува со својата детска магична програма, меѓутоа кога е ангажиран за прослави и манифестации од страна на повозрасната публика, тогаш Сашко настапува со магични трикови наменети за повозрасната публика, трикови од кои никој не останува рамнодушен. Имено Сашко Стојаноски беше дел и од Магичната новогодишна претстава која што во неделата беше организирана од страна на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”-Прилеп во НУЦК Марко Цепенков, каде што Стојаноски направи вистински детски театарски спектакл во Прилеп. Првата претставата започна со почеток во 11 часот, а втората претстава беше со почеток во 13 часот. Имено Прилеп е еден од неколкуте градови каде што овој месец ќе гостува оваа ексклузивна претстава. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња мораше на помош да го повика магионичарот Сашко Стојаноски кој претставуваше ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП. Во претставата магионичарот Сашко преку магија извади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци кои не можеше да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, предизвика големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови пред младата публика направи и други магични трикови. Во претставата исто така учествуваа Старата и Новата година. Претставата беше пропратена и со музички песни. На крајот веднаш зад сцената по сите заштитни протоколи од Министерството за здравство следуваше бесплатно сликање со Магионичарот Саше кој што за време на двете претстави во Прилеп направи вистинска магична детска атракција. Доколку сакате и Вие да имате уникатен детски роденден, тогаш слободно може да се обратите кај Магионичарот Саше на 072-205-214 и на Вашето дете да му направите еден поинаков-уникатен ексклузивен роденден, роденден кој што на Вашето дете ќе му остане во длабоко убаво сеќавање.

,





Сподели го ова:

Слични објави