|

Срдечна средба на мариовските монаси со дечињата од фудбалската школа од Могила

Сподели го ова:


Овој викенд беше остварена срдечна средба на мариовските монаси со дечињата од фудбалската школа од Могила, при што им беа врачени нови дресови за божиќен подарок. Освен тренерите на оваа школа, на средбата присуствуваа Архимандрит отец Никола, Отец Јоаким, како и градоначалникот на Општина Могила-Драганчо Саботкоски, кој што како градоначалник на Општина Могила, вложува огромни напори, за да Општина Могила ја врати на правилниот вистински пат. Отец Никола е старешена на Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово кој што претставува христијанско светилиште кое постои точно 750 години. Без разлика кога ќе заминете во Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово, со искрена-чиста христијанска љубов ќе Ве пречека монашкото-гостопримливо братство од манастирот, со кој раководи Архимандрит-Отец Никола, кој воедно е и духовен отец на голем број на луѓе кои доаѓаат кај него од цела земја, а и пошироко. Ваквата доверба на луѓето кон отец Никола е резултат на неговата голема продуховеност и дар кој што му е даден од Бога, за да помогне при решавање на секој проблем со кој што се соочува човекот во текот на неговиот живот, како и да го насочи човекот кон правиот-христијански пат.Манастирската црква започнала со градба во 1095 година, додека пак нејзината денешна градба датира од 1266 година. Меѓутоа врз основа на  подоцнежните истражувања се знае дека манастирската црквата била возобновена во 1271  година, од кога постои целиот живопис со натписите во неа. Интересен е фактот што оваа година црквата “св.Никола” која е во склоп на овој манастир слави 750 години од нејзиното возобновување.





Сподели го ова:

Слични објави