|

Денес е роденден на маестро Рубин Димкоски

Сподели го ова:
















Навистина на прсти можат да се набројат квалитетните музички имиња во Прилеп кои оставиле и сеуште оставаат значајна трага во областа на музиката, не само за музиката во нашиот град, туку и за музиката во цела наша земја. Еден од ретките музичари и продуценти кои имаат оставено значаен музички белег е маестро Рубин Димкоски, човекот кој што благодарение на неговиот талент креира еден квалитетен музички правец на нашето музичко ѕвездено небо. Музика, аранжмани, снимање на песни и што ли уште не, прави овој талентиран прилепчанец во своето “R Music studio”. Прави песни за народните пејачи, за забавните, кај него се снимаат песните од Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, исто така Рубин е дел од авторскиот тим на Миле Кузманоски кој што дел од песните ги снима во студиото на Рубин. Младата генерација Рубин го знае и како човек кој што секогаш е отворен за соработка за учење и подучување на учениците кога станува збор за часови по пеење, часови по гитара, по клавир…Исто така Рубин веќе 30 години е дел од ноќните свирки низ цела Македонија каде што преку својот музички талент создава екстра забава за неговата публика. Денес, Рубин слави роденден, нема да кажеме точно колку години прави, бидејќи годините мора да ги прикриеме за да одговараат на модерниот уникатен стил кој што тој долги години го негува…Меѓутоа како и да е, Рубин-ТИМОТ НА STANICA.MK ТИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, СО ЖЕЛБИ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И УШТЕ ГОЛЕМ БРОЈ НА НОВИ МУЗИЧКИ ХИТОВИ! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!








Сподели го ова:

Слични објави