ЧЕСТИТКИ: Прилепчанецот Мaрко Ристески го извади светиот крст од осветените води во Прилеп
Денеска, втора година по ред, младиот Марко Ристески од Прилеп го извади светиот крст од осветените води во црквата „Свето Благовештение“ (Стара Црква) во Прилеп. При денешното фрлање на крстот, учествуваа повеќе млади православни верници кои ја задржаа симболиката на овај голем празник, а најсреќен од сите беше Марко кој што од страна на градоначалникот Борче Јовчески беше даруван со пригодни подароци, карактеристични за овој голем, светол христијански празник.
Честитки до Марко!
Бог да му дарува многу здравје, љубов и среќа на него, и неговото семејство!