ТОПЛИНА ВО ДУШАТА: Над 100 прилепски ангелчиња ќе го најават Христовото раѓање

Оваа година, поворките насекаде низ нашата земја се подготвуваат во полн сјај”. Во Прилеп, до сега се пријавени над 100 дечиња, но се очекува до крајот ваквиот број да биде многу поголем. Поворката во Прилеп како и секоја година, ќе започне од Камената бина, каде што децата ќе отпеат повеќе песничките меѓу кои и ,,Вечниот Бог”.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.
Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.