“ADRENALINA” – новиот музички хит на нашите добро познати прилепчани CRUZ, MDAVEIRO и TEOV
Тројцата талентирани прилепчани CRUZ, MDAVEIRO и TEOV ја објавија нивната нова нумера која носи екстра модерен наслов “ADRENALINA“. Станува збор за Иле Мирчески – Teov, Даниел Нанчески – Cruz и Менде Димески MDAVEIRO кои се добро познати помеѓу помладата популација. Оваа одлична современа нумера, е поставена на јутуб каналот на “АРТЛЕНД САУНД”. Ова е одлична песна која со сигурност за брзо ќе прерасне во вистински хит, а истата е збогатена со одличен видео запис.
Колку за потсетување, Круз и Теов учествуваа во шоуто “TRAPSTAR – Македонија” во организација на каналот на Томски и Горила ТВ, и истите беа пласирани во “топ 15 учесници” од вкупно 150 пријавени.
Информативниот тим на “СТАНИЦА.МК” на овие наши тројца талентирани прилепчани, му посакува и во иднина да нижат вакви големи успеси!
Во прилог на оваа објава, погледнете го видео записот за оваа најнова песна: