|

ЧЕСТИТКИ! Учениците од ООУ Гоце Делчев-Прилеп го освоија првото место на 47-от регионален натпревар на младите техничари и природници

Сподели го ова:



















Денес, 01.04.2023 година во просториите на Домот за техничка култура – Народна техника – Прилеп, се одржа 47-от регионален натпревар на младите техничари и природници.





На натпреварот задоа учество ученици од ООУ Гоце Делчев-Прилеп, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета хемија, a Михајло Обрадовиќ од VIII – мо одделение – екологија.

Ученичката Софија Димитриеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета математика, Теодора Крстеска IX – то одделение – применета физика и Михаил Ѓорѓиески IX – то одделение – роботика, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

Симона Тасеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

Им честитаме на младите научници за освоените награди и им посакуваме успех и на Државниот натпревар!



Сподели го ова:

Слични објави