Градоначалникот Борче Јовчески присуствуваше на традиционалниот Божиќен ручек

Сподели го ова:




Поради строгите мерки и ковид пандемијата, оваа година во просториите на хотелот „Кристал Палас“ на симболичен начин се одржа традиционалниот Божиќен ручек кој го организира Детска Амбасада за Сите Деца во Светот. Се одржа прес конференција на која се обратија со свои изјави Александра Северкоска Стојаноски- извршен директор на Детската Амбасада,градоначалникот Борче Јовчески и господин Петар – Митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски. „Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.“ – започна Александра Северкоска Стојаноски.

Поради неможноста од физичко присуство, согласно мерките и препораките на надлежните институции и оваа година активноститебиле насочени повторно да  се внесе радост во детските срца и да се предизвика таа најмила детска насмевка на малите лица, со тоа што биле испратени пакетчиња и ланч пакети во домовите на повеќе од 500 деца, односно 600 пакетчиња и 550 оброци, за различни целни групи, како и за членовите на Детската Амбасада и партнерите.

Децата кои биле опфатени во овој 16-ти по ред Божиќен ручек  се од Прилеп, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Крушево, Штип, Охрид, Струга, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.

„Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина. “ – истакна Александра Северкоска Стојаноски.

Градоначалникот Јовчески изјави дека е среќен што и во време на пандемија се одржува овај прекрасен традиционален божиќен ручек за повеќе од 500 деца.

„ На децата без родители, децата на бранителите, децата со посебни потреби, како и на децата членови на „Детската амбасада за сите деца во светот“ сакам да им го честитам празникот и Новата година со желби за многу здравје, радост, среќа, успех и безгрижно детство. Секоја година ние како локална самоуправа го поддржуваме овој настан, и оваа година исто така за децата обезбедивме новогодишни пакетчиња. Локалната самоуправа на Прилеп секогаш ги поддржува хуманитарните настани, и во иднина имаме предвидено многу настани кои што ќе се реализираат во текот на годината. Ќе продолжиме да делуваме и помагаме, со цел да им овозможиме на сите дечиња да ја почувствуваат магијата на празниците и магијата на детството.“





Сподели го ова:

Слични објави