Дали ја знаете легендата за “патот во Крушево”? Во турско, градителот бил пазарен за секој километар да добие товар злато
На Крушево oд најстари времиња, Прилеп му бил единствената врска со светот. Крушево е град меѓу повисоките во светот, највисок на Балканот. Овој сегашниов, асфалтиран и широк пат, е покус за километар два од дамнешниот турски, најпрвин макадам а потоа во коцки, но тесен, за да не можат да се разминат две возила.
И денес на патот се гледаат трагите од кривулестите серпентини. За нив пак останала легендата дека настанале за тоа што градителот бил пазарен за секој километар да добие товар злато. Алчен по златото тој го направил ем невидено тесен ем кривулест. Градот е поставен во пазувите на Баба Планина, токму како некакво бабино милениче, затскриено од ветриштата, од лошите погледи и натрапници.