Градоначалникот Саботковски: “Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, похумани и да правиме по едно добро дело секој ден”

Сподели го ова:




Градоначалникот на Општина Могила-Драчанчо Саботковски, вчера по повод Христовото раѓање-Божиќ, вчера се огласи на социјалните мрежи при што на сите граѓани им го честита Божиќ преку една емотивна-искрена честитка, баш онака како што доликува на вистински прав христијанин. Неговата објава, тимот на најактуелниот информативен портал “STANICA.MK” Ви ја пренесува целосно во прилог: “Христос се роди! Навистина се роди! Воздухот е исполнет со радост! За многу години да е највеселиот христијански празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог.Божјата милост да ги облее нашите срца и Христос да ни подари мир и спокој во душата, почит и меѓусебно разбирање и силна верба заеднички да создадеме услови за подобра и посреќна иднина за сите.Ви посакувам секој дом да биде исполнет со љубов, радост, топлина, благосостојба и добро здравје!Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, похумани и да правиме по едно добро дело секој ден. За многу години!”-напиша Градоначалникот Саботковски





Сподели го ова:

Слични објави