ЗАПОЧНУВА РАЗВРСКАТА ВО “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА”

Сподели го ова:
















Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 275839859_1094697277930111_7054272285165581143_n.jpg

Со завршување на единаесеттото коло во пинг понг, две екипи се сигурни полуфиналисти. “Црна река Петрол” и “Нотар Маркоски”. За другите две места ќе се борат неколку екипи. “Матадор” со поразот од “Халк Осигурување”, веќе не е така без грижи за влез во плеј офф. Во последните четири кола имаат најтежок распоред и според јачината на противниците ќе имаат најтежок пат до полуфинале и плеј офф.Тука се “Синд.на АД Мепсо” кои со победата над “Елмонт” направија голем чекор кон посакуваната цел. “Мермерен Комбинат” направија кикс во заостанатиот натпревар со “Елмонт” и двете екипи сега се се подалеку од првите четири . Наредната недела се игра 12-то коло и не би требало да има изненадувања во првите 5-6 екипи, бидејќи во ова коло нема дуел помеѓу некој од екипите кои се во горниот дел на табелата. Се на се, ова ќе биди возбудлив финиш, и најдобрите 4 нема да се знаат до последното коло. Бизнис лигата -Прилепска пиварница влегува во интересен финиш.







Сподели го ова:

Слични објави