ВИДЕО: Еве зошто сите сакаат да пеат на “Весели Ѕвончиња by JANA”-ПРИЛЕПСКИОТ ФЕСТИВАЛ КОЈ СОЗДАВА УБАВИ ДЕТСКИ МУЗИЧКИ СПОМЕНИ
Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество на следното јубилејно, 5-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023 година, и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!
Градот Прилеп е особено горд, зашто има детски музички фестивал кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД, бренд кој што е прогласен од страна на публиката како резултат на квалитетот на неговите песни. Како што знаете, станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал каде што пеат деца од цела наша земја. До сега на фестивалот имаат настапувано деца од повеќе градови како што се од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево….. Секоја година, овој фестивал создава нови детски и тинејџерски хитови, кои постојано се пуштаат во поединиечните музички детски блокови секое утро на телевизиите во нашата земја.
Сакате да сте дел од нај-актуелниот детски музички фестивал?
Сакате да бидете детска музичка ѕвезда и да се стекнете со диплома МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД?
Сакате да сте дел од БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА?
Сакате да се дружите со маскотата на Веселото Ѕвонче?
Имено оваа година, после спектакуларните настапи на Веселите Ѕвончиња во Прилеп, Битола и Охрид, прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, минатата недела одржа спектакуларен детски концерт во Спомен куќата на Тоше Проески, каде Веселите Ѕвончиња пееа за летото, омилениот детски сладолед, другарството, за првата детска љубов и уште на многу други омилени детски теми зад кои како автор на текстот и музиката се потпишува Уметничкиот Директор на фестивалот- Гоце Илиеска Балада, кој што на почетокот на фестивалот ги поздрави присутните, при што истакна: Ни претставува чест и задоволство што токму вечерва, Веселите Ѕвончиња настапуваат во Спомен куќата на Тоше Проески. Вечерва, овие наши и Ваши Веселите Ѕвончиња ќе пеат во чест на Тоше-најголемиот македонски музички војвода-истакна Гоце Балада.
Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! СЕ ГЛЕДАМЕ НА ФЕСТИВАЛ!!!