Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ утре во 12:00 часот во Штип ќе одржи протестен марш под мотото”ПОСИЛНИ ОД ПРЕДРАСУДИТЕ”-
Жените од ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле оној цврст столб на единството во самата партија, при што секогаш кога Македонија и ВМРО биле исправени пред сериозни тешки предизвици, никогаш не било доведено прашањето на која страна ќе бидат жените во оваа партија, бидејќи жените секогаш се на вистинската страна. Врз основа на тоа, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, утре во 12:00 часот во Штип ќе се одржи протестен марш под мотото “ПОСИЛНИ ОД ПРЕДРАСУДИТЕ”. Маршот ќе започне од 12 часот од пред мостот на реката Брегалница во Штип, и по одбележана рута ќе се движи до центарот на Штип. По тој повод, на социјалната мрежа Фејсбук се обрати претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска, при што истакна: “Ги повикувам жените да го кренеме гласот против оваа ненародна власт. Заедно да испратиме порака дека сме посилни од предрасудите”. Исто тако и претседателката на Унија на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп-Ирена Стерјовска испрати конкретна, прецизна и моќна порака до прилепското членство на Унијата на жени, по повод утрешниот протестен марш, при што Стерјовска истакна: “Жените излегуваат на улица за жените! Приклучи се и ти! Заедно сме посилни!”-напиша Стерјовска на својот Фејсбук профил.

Имено, за утре од Прилеп се очекува огромна поддршка на овој протестен марш да дадат голем број на прилепчанки предводени од претседателката Ирена Стерјовска, личноста која има голем авторитет и рејтинг помеѓу прилепчанки. Имено претседателката на Унијата на жени при ОК на ВМРО -ДПМНЕ-Прилеп, до сега има реализирано голен број на настани кои даваат поддршка на политиките кои водат кон едно подобро утре, а исто така под нејзина организација постојано се организираат хуманитарни акции и настани, се со цел за да се помогне онаму каде што треба-онаму каде што е најопходно.