|

Џудо клубот “Сеишин”-Прилеп, од Србија се врати со повеќе освоени медали

Сподели го ова:
























На 17.02.2024 во Пирот Србија, се одржа првиот Меѓународен Турнир во џудо “Победникот на Пирот”, во организација на ЏК “Ипон -010” од Пирот Србија. На овој турнир, учество зедоа околу 360 натпреварувачи од 7 држави и тоа: Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Бугарија, Молдавија и Македонија. Џудо клубот “Сеишин”-Прилеп зеде учество со 5 натпреварувачи, а освоени беа 3 бронзени медали:

1. Марио Конески 3 то место

2. Тамара Илиоска 3 то место

3. Теодора Илиоска 3 то место

Одлични борби прикажаа и Владан Стрезоски и Ване Ацески кај помладите пионери, но не успеаја да изборат место на пиедесталот. Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Марио Тошески. Ова беше прв меѓународен настап на членовите на СЕИШИН за оваа година. Веќе од наредниот викенд започнуваат настапите и на државните првенства.




Сподели го ова:

Слични објави