СВЕТСКО – А НАШЕ: Втор меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре, Прилеп 2023
Денеска во Прилеп, се одржа вториот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре, Прилеп 2023. Честитки до организаторите, клубот Младост 96-Прилеп и сите останати што се вклучени во организацијата.
“Ми претставува задоволство што како Општина, ја продолжуваме иницијативата овој турнир да стане традиционален, и ќе продолжиме секоја година достојно да се потсетуваме на господинот Илија Карески. Верувам дека ќе се надоградувате и со учесници и со гости, во интерес на значењето на спортот и сите спортски активности за Прилеп и прилепчани. Заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп, им посакавме топло добредојде на сите гости, како домаќини за нас е чест што имаме учесници и гости од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија, БиХ, Црна Гора и Романија и се надевам дека ќе се прикажиме во одлично светло и организациски и со нашето гостопримство, за во иднина да продолжи соработката со сите учесници и за идни вакви настани од меѓународен карактер. На сите ви посакувам успешен турнир, и нека победат најдобрите” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.