Синоќа се одигра натпревар од редовното тековно седмо коло од пинг-понг “Бизнис лигата-Прилепска Пиварница”

Сподели го ова:


























Синоќа се одигра натпревар од редовното тековно седмо коло од пинг-понг “Бизнис лигата-Прилепска Пиварница”. По барање на екипата на “Синд.на АД Мепсо” натпреварот се одигра порано од предвидениот термин кој беше закажан за оваа сабота. Имено, стануваше збор за Дерби натпревар на две екипи кои имаат можност за висок дострел, а тоа се “Халк Осигурување” и екипата на “Синд.на АД Мепсо”. Натпреварот го оправда епитетот дерби, и во овој интересен натпревар, поуспешна беше екипата на “Синдикат на АД Мепсо”. Натпреварот помеѓу “Халк Осигурување”-“Синд.на АД Мепсо” заврши со конечен резултат од 2-4. Со оваа победа “АД Мепсо” се искачи во првите четири екипи на табелата.




Сподели го ова:

Слични објави