БРАВО МАЈСТОРЕ: Илија Несторовски ќе игра за Асколи
Изминативе неколку дена се тврдеше дека Илија Несторовски ќе се пресели во Тернана, меѓутоа не дојде до трансфер.
„Скај Италија“ пренесе дека Несторовски постигнал договор и ќе стави потпис на договор со Асколи, меѓутоа откако ќе ги помине лекарските прегледи. Исто така, веста за Несторовски ја потврди и новинарот Ди Марцио кој соопшти дека македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски е пред трансфер во Асколи.