ПРИЛЕПЧАНИ ГИ НАПОЛНИЈА ТРИБИНИТЕ НА “ГРАДСКИ”: Црвено-белите стигнаа до првата победа


Денеска со почеток од 16:00 часот на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, ФК “Победа” го одигра шестиот натпревар од сезоната во Првата фудбалска лига со штипска Брегалница, односно сo фудбалската екипа која што во досегашниот првенствен дел има три победи, еден нерешен резултат, и само еден пораз.

Меѓутоа, ваквата слика за штипска Брегалница важеше се до почетокот на денешниот натпревар, бидејќи ФК “Брегалница”, денеска го претрпи вториот пораз и тоа од прилепска Победа, која “лавовски” се бореше на денешниот натпревар кој што заврши со победа од 1:0 за ФК “Победа”, фудбалскиот тим кој што гордо го брани спортскиот дух на граѓаните кои живеат во градот под Марковите Кули.

Победа денеска дојде до првиот триумф и драгоцените три бода.















