Денеска во Прилеп се одржува велосипедската трка „Сава Мариово Тур“

Со денешните настани се заокружува програмата во склоп на празникот 11-ти Октомври. Имено, денеска се одржува велосипедската трка „Сава Мариово Тур“ која денес ќе се вози од центарот на Прилеп до Расимбегов Мост и назад.
Пред почетокот, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го означи почетокот на велосипедската трка „Сава Мариово Тур“ при што на учесниците им посака успех во натпреварувањето.


















