БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-ПРИЛЕП ВЧЕРА ВЕЧЕРТА ВО БИТОЛА НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ДЕТСКИ СПЕКТАКЛ

Сподели го ова:


БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-Прилеп вчера вечерта во Битола направи вистински детски театарски спектакл со уникатната детска претстава “Новогодишна магична претстава”. Претставата беше дел од неколку дневната новогодишна програма на сцената која беше сместена пред платото на офицерски дом. Ексклузивната претстава на БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-Прилеп, беше дел од битолската неколку дневна новогодишна програма “Зимска приказна”. Претставата во Битола наиде на голем интерес од страна на многубројната млада битолска публика која во еден здив со големо внимание ја следеше оваа детска претстава. Имено оваа претстава два пати беше одиграна во Прилеп, потоа овој понеделник беше одиграна во Куманово, вчера во Битола, а денеска БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА гостува во уште еден град, а кој е тој, дополнително преку официјална објава подоцна ќе Ве информираме. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ. Во претставата магионичарот преку магија вади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, предизвикува големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови пред младата публика прави и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година. Претставата е пропратена и со музички песни. На крајот веднаш зад сцената по сите заштитни протоколи од Министерството за здравство следува бесплатно сликање со Дедо Мраз, Магионичарот, белите зајачина и гулабите кои што стојат на рамото на детските посетители, а на ваков начин детската публика создава уникатен новогодишен магичен детски спомен, кој што долго ќе трае како еден драгоцен спомен од нивното детско. Како резултат на тоа што до сега станува збор за уникатна магична детска музичка претстава каква што не беше прикажана во нашата земја, оваа претставата овој месец беше поканета да гостува во повеќе градови во нашата земја.





Сподели го ова:

Слични објави