|

Градоначалникот Најдовски на дечињата од својата општина денеска им донесе вистински детски магичен спектакл

Сподели го ова:


Секоја чест за градоначалникот на Општина Демир Хисар-Никола Најдовски, кој што во Општина Демир Хисар ја донесе детската магична претстава “Новогодишна магична бајка”, претстава која што денеска направи среќни голем број на дечиња од општина Демир Хисар. Имено, оваа претстава гостуваше во повеќе градови во нашата земја, а честа ја имаше и Општина Демир Хисар. Имено, дел од учесниците од претставата за нашиот најактуелен информативен портал истакнаа дека и покрај збиената агенда овој месец, сепак како резултат на големите напори кои ги направи градоначалникот Најдовски за своите сограѓани, сепак не можеа да ја одбијат поканата на градоначалникот, бидејќи пред се, станува збор за искрен способен интелектуалец, и пред се човек кој што сака да помага на народот. На крајот од претставата Дедо Мраз се сликаше со сите присутни, и им посака среќна Нова година на младите од оваа општина, а исто така на присутните дечиња им подели и голем број на слатки чоколадни задоволства кои ги обезбеди градоначалникот Најдовски.  Претставата во општина Демир Хисар наиде на голем интерес од страна на многубројната млада публика која во еден здив со големо внимание ја следеше оваа детска претстава. Имено оваа претстава два пати беше одиграна во Прилеп, потоа овој понеделник беше одиграна во Куманово, вчера во Битола, а денеска БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА гостуваше во Општина Демир Хисар. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ. Во претставата магионичарот преку магија вади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, предизвикува големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови пред младата публика прави и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година. 





Сподели го ова:

Слични објави