На 20-ти јуни оваа година во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова

На 20-ти јуни оваа година, во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, свој концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова, која што воедно е ученичка во СМУ „ Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. м-р Славчо Величков. Мазнејкова, првите часови по пијано ги добива во Струмица од нејзините родители, професори по пијано. Активен учесник е на мастер класови, а првиот јавен настап го имала на тригодишна возраст. Оттогаш досега има реализирано бројни концерти, настапувала на фестивали, натпревари низ Македонија и Европа. Добитник е на бројни награди.На програмата на концертот се дела од Хајдн, Бетовен, Моцарт, Менделсон, Григ, Шуберт….