Вчера вечерта свечено беше отворен 56-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Вчера вечерта започнува 56-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп. Во однос на она што може да се види на репертоарот на фестивалот, може да се заклучи дека станува збор за богата палета од театарски претстави кои ќе бидат одиграни пред прилепската публика.
Влезниците за МТФ „Војдан Чернодрински“ веќе се пуштени во продажба, и истите можат да се набават секој работен ден од 10:00 до 13:00 ч. и од 17:00 до 19:00 часот на билетарницата на НУЦК “Марко Цепенков”. Резервации на 076 442 378.
По повод вчерашното свечено отворање на 56-тиот” МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп, прилепскиот градоначалник Јовчески истакна:
“По 56 ти пат театарската сцена во Прилеп ќе биде светлината каде што на најдобар можен начин ќе бидат отсликани стремежите на нашите творци. Mестото каде што на најдобар начин ќе биде дефинирана и презентирана суштинската потреба од театарската уметност во Република Македонија. Од вечерва ќе имаме можност да уживаме во симбиозата на најактуелното од театарот во земјава, театарот кој е извор на инспирација и затоа не сплотува. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е насушна потреба не само за градот, туку и за Република Македонија, бидејќи ја отсликува потребата од идентификација на културата и традицијата. Во овој град секогаш има место за театарот, затоа со право велиме дека Фестивалот е бренд на нашиот Прилеп. Уживајте во претставите !”-истакна Јовчески.


















