Театарската сезона во Прилеп за 2023 година започнува овој петок и сабота, со две извонредни театарски претстави

Овој петок 27.01.2023 година во 19:30 часот на репертоарот на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” може да ја проследите претставата “Дупло дно”.
Во сабота, љубителите на театарската уметност ќе можат да уживаат во уште едно маестрално театарско дело, а тоа е претставата “Мистерија Буфо”, која прилепската публика ќе може да ја проследи на 28.01.2023 година со почеток од 19:30 часот.
Време е за театар!