Ирена Стерјовска: Ова беше настан кој не водеше низ вековното прашање, борба и жилавост на македонците

Вчера, во големата сала во Општина Прилеп беше одржана промоцијата на делото ” МАКЕДОНЦИ- милениумски сведоштва за идентитетското име”. Оваа вест ја објави и Заменик градоначалникот на Прилеп Ирена Стерјовска-Локвенес, која што не го криеше нејзиното големо патриотско чувство, и пред се нејзината особена гордост дека присуствувала на ваков голем-исторски настан, при што самата таа истакна: “Прекрасната промоција на грандиозното дело ” МАКЕДОНЦИ- милениумски сведоштва за идентитетското име” од Д-р. Бранимир Светозаревиќ – Покорни. Промотори на ова дело во Прилеп беа: М-р Александар Јорданоски, Проф. Д-р. Наташа Котлар, М-р Марјан Гиовски и Проф. Д-р.Теон Џинго. Ова беше настан кој не водеше низ вековното прашање, борба и жилавост на македонците! Честитки на авторот и неговиот тим!”-истакна Стерјовска