ЖИВОТ БЕЗ КОРОНА ЗА ПРИЛЕПЧАНИ: Чаршијата се враќа во живот, а дуќаните во старата чаршија кои што беа целосно затворени-повторно се отвораат

Сподели го ова:
















Живот без корона за прилепчани?! Како ќе изгледа сето тоа? Дали е можно? Сето ова беа дел од прашањата кои што постојано си ги поставуваа прилепчани пред две години. Меѓутоа, корона вирусот со Ковид 19 постепено згаснува, а последнава недела бројот на ново заболени прилепчани – беше премногу мал. Како резултат на сето тоа, чаршијата се враќа во живот, а можете да забележите дека дел од дуќаните во старата чаршија кои што беа целосно затворени, повторно се отвораат, трговците повторно ја влеваат својата надеж за нова заработка, додека пак прилепчани со нетрпение одат по прилепските дуќани да проверат што е ново донесено, и што е моментално во тренд…Меѓутоа, сеуште има и еден многу мал дел од оние прилепски трговци-сопственици на бутици за облека во старата прилепска чаршија, кои се скептици дека короната целосно завршила, велат-самите тие се плашат повторно да вложат во купување на нова облека, бидејќи голем дел од облеката од пред-минатата година сеуште му е непродадена, и му стои во визбите по дома. Како и да е, надежта последна умира, а животот за прилепчани продолжува, со евидентиран мал број на заболени, за кои се надеваме дека набргу ќе оздрават, и дека истите тие ќе бидат последните регистрирани случаеви во Прилеп кои заболиле од Ковид 19. Како резултат на сето ова, нашите сограѓани живеат со надеж за едно подобро утре-ЗА СИТЕ НАС ПРИЛЕПЧАНИ-граѓаните кои со години живеат во градот под Марковите Кули.







Сподели го ова:

Слични објави